Халкбанк го зголеми капиталот за 20 милиони евра


Халк Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – турската Халкбанкаси АШ .

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 46-тата седница донесе Решение со кое се одобри 21-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Со оваа емисија, Халк Банка АД Скопје издаде 123.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.230.000.000 денари. Единствен купувач на новите акции е матичната банка Халкбанкаси А.Ш.