Хакирани веб-страниците на повеќе руски медиуми


 

Веб-страниците на неколку руски медиуми беа хакирани во понеделникот, а на нивните почетни страници се појави порака за осуда на инвазијата на Москва на Украина.

Државната новинска агенција ТАСС, прокремљскиот весник „Известија“, петербуршкиот сајт за вести „Фонтанка“ и голем број други настрадаа од хакерскиот напад во понеделникот попладне. Независната информативна страница „Медуза“ објави слики од екранот на пораката, потпишана од хакерската група Анонимус и „рамнодушни новинари во Русија“, која се појави на главните страници на некои од хакираните веб-страници.

Случувањата може да го одразуваат растечкото антивоено расположение меѓу Русите, иако не се знае кој е одговорен за тоа. Протестите против разорниот напад врз Украина се одржуваат низ целата земја со денови, а речиси 1 милион луѓе потпишаа онлајн петиција барајќи прекин на војната.