Хакер со аутизам украде и предвреме објави видеа од „ГТА 6“
Хакерите обично се замислувани како седат на голема работна маса со врвна, скапа технологија на неа. Арион Куртај (18) е сосема спротивно од тоа.
Куртај, кој инаку е лице со аутизам и е дел од хакерската група „Лапсус$“ што предизвика своевиден хаос во видеоиграчкиот свет, кога украде и предвреме објави видеа од сѐ уште необјавената игра „ГТА 6“. Упадот го извршил со помош на УСБ за „Амазон фајр ТВ“, паметен телефон, тастатура и глувче, и тоа додека бил на слобода откако плати кауција во случајот за хакирање на „Н-видија“. Тој овојпат го хакирал „Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) – компанијата-создавач на „ГТА 6“ и се претстави како „напаѓачот“ на каналот „Slack“. Упадот е сторен од хотелче каде што властите го сместиле откако други хакери „го доксираа“, т.е. објавија податоци за него и неговото семејство, со што ја загрозиле и нивната безбедност. Додека бил во хотелот немал вообичаен пристап на интернет, но користел „Фајр ТВ“ УСБ.
Подробностите за незаконските потфати на Куртај се појавија по седумдневното судење каде што тој е прогласен за виновен за хакирање на „Рокстар“, Револут“ и „Убер“. Осуден е и 17-годишник, но за разлика од Куртај, тој сѐ уште е на условна слобода по плаќањето кауција. Занимливо е што и двајцата се лица со аутизам.
Куртај не присуствуваше на судењето откако психијатар оцени дека не е во состојба да го следи процесот. Поротата одлучува само за тоа дали делата за кои се товари – се сторени, а не и дали ги извршил со криминална намера.
„Лапсус$“ е опишан пред судот како „криминална дигитална група“, за којашто се верува дека е составена главно од тинејџери од Бразил и Велика Британија. Куртај и неименувано 17-годишно момче се двајца од седумте членови уапсени во Британија. Меѓу 2021. и 2022 година, групата ги хакираше „Самсунг“, „Ти-мобајл“ и „Мајкрософт“. Иако групата барала откуп, не се знае дали и колку пари добиле по уцените.