„Хајди шета куче“ со нов спот ги буди спомените на незаборавните 80-ти


Музичките осумдесетти се нешто како мирисот на омилената храна – засекогаш остануваат во нашите срца и сеќавања.

Групата „Хајди шета куче“ (Heidi šeće psa) реши да не тагува по тоа време, туку со временската машина наречена музика да се пренесе во клуб, на танцовиот под, таму каде што добрите вибрации минуваат низ телото, а музиката нежно ги гали слушните сетила.

Со песната „Не се кладaм на нас“, која неодамна беше пуштена во радио етерот, нè потсетија на synth pop звукот од 80-тите, а сега, со новообјавениот видеоспот, покажаа колку добро им прилега тој стил – толку добро што не сакаат со временската машина да се враќаат во реалноста.

Ретрото е веќе со години во мода, а тие на овој ретро звук му додадоа модерна продукција зад која стои познатиот Срѓан Секуловиќ Сканси, додека текстот го напиша Хрвоје Борошиќ, а музиката ја создадоа Хрвоје заедно со Смиљана Штрбац Хајди.

Сканси е автор и на видеоспотот – шарен и весел омаж на осумдесеттите, низ кој минуваат не само звуците на тоа време, туку и рефлекторите на диско-клубот, кожените јакни и фармерките. Зашто, сепак, осумдесеттите беа нешто повеќе од музика – беа културно движење што многумина го посакуваат повторно, токму затоа што и во тие чудни времиња можеше да се танцува и ужива со насмевка на лицето.

„Оваа песна е целосно поинаква од сè што досега сме снимиле. Долго сакав да направиме песна во која главната улога ќе ја имаат клавијатурите и танцовиот ритам и со која, на современ начин, ќе му се приближиме на препознатливиот звук на 80-тите. Мислам дека со оваа песна во целост успеавме во тоа“, изјави Хајди.

Песната „Не се кладaм на нас“ е достапна на сите дигитални платформи.
Еве го спотот…