„Гугл транслејт“ за веб сега има уште една интересна и корисна функција
Популарната алатка за преведување „Гугл транслејт“ (Google Translate) за веб сега може да конвертира текст од фотографии. За ова, ја користи истата технологија како алатката AR Translate за Google Lens, која се користи за превод на содржина во реално време на телефоните.
Новата опција е достапна на страницата на Google Translate, каде што може да се видите новиот таб Images на врвот. По вметнување фотографија или скриншот од компјутерот, се појавува „превод“, кој во повеќето случаи треба да личи на оригиналниот текст.
Веб-интерфејсот вклучува опција за копирање на текстот, преземање на преведената фотографија или бришење. Покрај тоа, страницата наведува 113 достапни јазици од кои може да се преведува (исто така може да ги открие автоматски), како и 133 дијалекти.
Од примерот се гледа дека е достапна и на македонски. Не е совршена, но секако е интересна.