„Гугл“ автоматски ќе ги цензурира експлицитните фотографии


 

„Гугл“ на денот за посигурен интернет претстави нови функции дизајнирани токму со таа цел, односно посигурен интернет.

Во наредните месеци „Гугл“ ќе ги цензурира експлицитни фотографии во резултатите од пребарувањето за сите корисници и тоа по дифолт, дури и ако немаат вклучен SafeSearch, функција за филтрирање која веќе е автоматска за корисници помлади од 18 години.

Корисниците ќе можат да ги прилагодат подесувањата доколку немаат профил под надзор или се одјавени или пак сакаат да ги видат фотографиите нецензурирани. Исто така, филтерот е дизајниран и за „замаглување“ фотографии кои прикажуваат насилство.

Примерите на Гугл покаќуваат дека поставките за цензурирање ќе ги „замагли“ експлицитните фотографии, но не и текстот. Поставката за филтрирање ќе однесува на сите наведени.

Во меѓувреме Гугл додава уште еден „слој“ заштита вграден во пасворд менаџерот на Хром и на Андроид. од комапнијата велат дека, ако корисникот поседува поддржан компјутер, ќе добие опција со барање за биометриска аутентификација пред да внесе сочувана лозинка и образец. Корисниците ќе можат да ја корстат и функцијата за „сигурно откривање, копирање или едитирање на лозинките“ кои ги сочувале во пасворд менаџерот без потреба за внесување главна лозинка.

Гугл исто така ја зголемува приватноста на своите апликации и за iOS. Наскоро ќе моќе да се заштити апликацијата со помош на FaceID за радозналите погледи да се држат подалеку од приватните податоци.