„Гучи“ најде инспирација во сандалките на „Југопластика“, цената – изгор


На официјалната страница на луксузниот моден бренд „Гучи“ се продаваат пластични сандалки кои потсетуваат на оние кои минатиот век фи продаваше „Југопластика“.

Заминувањето на море не можеше да се замисли без овие сандалки, кои се прозиведуваа во неколку бои – темносина, жолта или пак проѕирна. Сите деца на плажа ги носеа, па не ретко нечиј пар успеваше и да се изгуби во морето.

Во тоа време масовно се произведуваа и евтино се продаваа, а многумина денес ги чуваат во подрумите или на таван. оние кои немаат свој примерок, сега може да набават од оние на „Гучи“, но по изгор цена. „Гучи“ ги продава по цена од 400 евра (500 долари).

Ги нуди за деца и за возрасни, во неколку бои – розова, виолетова, проѕирна, но и темнозелена и црна.

„Дали добиваш и чорапи или се купуваат посебно, се знае ли нешто“, прашува еден корисник на социјалните мрежи.

„Прескапа носталгија“, додава друг.