Групна изложба „Жените од светот низ историјата, жената симбол и инспирација“
Во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во 19, 30 во Галерија „КО-РА“ ќе биде отворена групната изложба „Жените од светот низ историјата, жената симбол и инспирација“.
-Овој мултимедијален проект обединува повеќе уметности, кои се во рамките на традиционалната групна мултимедијална изложба со учество на повеќе уметници од разни генерации – сликари, скулптори, графичари, фотографи, дизајнери, модни креатори, поети, писатели…, велат организаторите на изложбата.
Меѓу учесниците на овогодишната групна изложба со која се одбележува празникот посветен на жените 8 март се: Љубе Алексовски, м-р Решат Амети, Иванка Апостолова Башкар, Нина Богуновиќ, Виктор Бранѓолица, Гордана Винчиќ(Шведска), Дана Данче Голубовска,м-р Валентина Илијевска, Матеја Јанковиќ, Павел Јовановски, Елизабета Костова, Ленче Коцевска, Славица Ќурчиева Арсовска, Никола Кипроски (Белгија) , м-р Маја Кировска, Елизабета Костова,Ленче Коцевска, Росица Лазеска, Игор Љубовчевски-Љубац, м-р Шќипе Мехмети, Виктор Настоски,Верина Николова (Франција),м-р Јасминка Новковска, Ванеса Ода, Дијана Петкова, м-р Марија Светиева, Катерина Сековска Анѓеловиќ, Вангел Срнаков,Александар Таневски, м-р Славица Танеска, Лара Ташковска, м-р Давор Тоциновски, Д-р Игор Поп Трајков, Славица Трајческа, Гентијана Уручи, арх.Љубе Чаловски, м-р Марија Чепишева…
Дизајнот на плакатот – поканата е на м-р Билјана Билбилоска.