Групацијата „Нелт“ надмина една милијарда евра приход
„Нелт Европа“ – групацијата почнува да работи во Хрватска и во Словенија
Консолидираниот приход на групацијата „Нелт“, еден од најуспешните регионални деловни системи, надмина една милијарда евра во 2021 година. Резултатот на компанијата, која работи на два континента и вработува над 4.000 луѓе, беше соопштен на традиционалната годишна средба на лидерите на компанијата со претставниците на медиумите, на која беа претставени постигнатите резултати во изминатиот период и плановите за следната година. Посебно внимание привлече најавата за работењето на групацијата Нелт во Хрватска и Словенија, преку основањето на „Нелт Европа“.
„Влегувањето на европскиот пазар за ‘Нелт’ е природен процес на развој. ‘Нелт Европа’ ќе биде почетна точка за проширување на мрежата на ‘Нелт’ компании низ Европа. Милена Вушак, реномиран професионалец со долгогодишно искуство во FMCG индустријата, го презеде развојот на нашиот бизнис за Хрватска и Словенија со амбициозни планови за развој и дистрибуција на брендовите на ‘Нелт’ на овие пазари“, изјави Милош Јелиќ, извршен директор на групацијата.
И покрај фактот што изминатата година беше исклучително комплексна, групацијата „Нелт“ успеа целосно да го прилагоди својот бизнис на ситуацијата и без прекин да го одржи синџирот на снабдување на сите пазари. Исто така, продолжи со одржливиот раст и вработување и континуирано инвестираше над 7 милиони евра во инфраструктурата.
Благодарение на инвестицијата од два милиони евра, компанијата го зголеми капацитетот на интермодалниот железнички терминал во Добановци, а во партнерство со светски познати компании во областа на технологијата и напредната аналитика, како што се Microsoft, SAS и ADD, продолжи работата на создавање на дигитален екосистем во деловното работење, за зајакнување на размената на податоци, планирањето и партнерството со директорите, купувачите, клиентите и добавувачите.
Развојната стратегија на компанијата и нејзината долгорочна одржливост се заснова на инвестиции планирани за 2022 година во износ од 19 милиони евра, понатамошен развој на брендовите на Нелт и влез на нови пазари во Европската Унија.