Груби се врати, обвинителството се заплетка, реагира СДСМ
Не стивнуваат реакциите по неочекуваното појавување на поранешниот првидепремиер на граничниот премин „Блаце“ и неговотот експресно испрашување во обвинителството и испраќање во домашен притвор. Освен реакциите во стручната јавност партиите извонрфедниот настан го користат за жестока пресметка.
СДСМ тврди дека од авион се гледа оти има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дека на граѓаните им било јасно што се случува.
„Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио.
Од режираната претстава на границата, со наочари и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40 отсто од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па сѐ до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и судството под контрола на ВМРО-ОКГ.
Сакајќи да се исперат од скандалозна одлука за одредување куќен притвор Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.
Вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби ‘не бил безбеден’ во ‘Шутка’, па затоа предложиле куќен притвор.
Истиот ден, излезе директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, го демантираше Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ ‘не се обратиле ниту усно ниту писмено до затворот за да побараат мислење за безбедноста’“, рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа праша, врз кои информации обвинителството донесло одлука.
„Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.
Тоа го имаме како потврда и за овој случај. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби? Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на скопското обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година. Сè е договорено, смислено сценарио“, рече Кузеска.
Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека СДСМ бил „во паника од апсењето на Артан Груби“ и дека „институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата“.