Груби го откажа концертот по критиките во јавноста
Сепак централна прослава за годишнината во хотелот „Александар Палас“ ќе има. На манифестацијата е предвидено да присуствуваат над 200 луѓе во сала во која собира 1.500 луѓе. Присутните ќе седат на дистанца согласно ковид протоколите и ќе им се мери температура пред влезот во салата.
„Не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјалните мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот договор и на неговата имплементација, туку дека навистина е загриженост околу протоколите“, реагираше денес Груби.
За настаните за одбележување на две децении Рамковен предвидено е да се потрошат половина милион евра.