Грозд во Јапонија продаден за 11.000 долари


 

Еден грозд на црвено грозје во Јапонија продаден е за 1,2 милиони јени или 11.000 долари на првата аукција оваа година, што го прави најскап грозд од овој вид грозје откако се појави на пазарот пред 12 години.
Грозјето наречено „руби роман“ познато е по тоа што е многу сочно со малку киселост и висока содржина на шеќер. Ова грозје се подарува и на него се гледа како на статусен симбол во Јапонија.
Скапоценото јапонско грозје се одгледува исклучиво во префектурата Ишикава, сместена на западниот брег на островот Хоншу. Секое зрнце мора да е со големина на пинг-понг топче и да тежи 20 грама. Не се користи за производство на вино туку за свежа консумација.
Купувачот на годинешната аукција е Такаши Хосокава, шеф на ресторани во префектурата Ишикава, а намерата му е зрнцата грозје да ги дели на своите гости.
„Понудивме 1,2 милиони јени за да ја одбележиме 12-годишнината и да ја прославиме првата аукција. Сакаме на  нашите клиенти да им го пренесеме нашиот восхит кога го држевме во рацете ова грозје“, вели тој, мислејќи на новата ера на земјата која почна во мај со крунисување на новиот цар Нарухито.
Потсетуваме дека загриженоста поради квалитетот на грозјето предизвикана од лошото време кон крајот на јули растеше со порастот на температурите на почетокот на јули.
Но, производителите очекуваат до крајот ан септември да бидат испорачани 26.000 гроздови на грозјето „руби роман“.