Грција нуди експертиза за преговорите со ЕУ

Новата грчка амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, денеска при предавањето на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски, изјави дека Атина е подготвена да обезбеди своја експертиза за време на пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Таа уште нагласи дека Грција очекува „целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа“ и го поздрави одржувањето на првата меѓувладина конференција на Македонија и ЕУ.
Претседателот Пендаровски во своето обраќање нагласи дека Македонија и Грција се сојузници во НАТО, дека двете држави ги поврзува заедничката визија и посветеност за мир, стабилност, благосостојба и економски просперитет во регионот и во глобални рамки, како и блиските културни и хумани вредности.