Грчките медиуми тврдат: Пендаровски ќе ја притиска Атина да ги стави меморандумите на гласање


Грчките медиуми ја коментираат посетата на претседателот Стево Пентаровски на Атина како почетокот на новата страница во односите на Грција со Северна Македонија, но во сенка на ратификацијата на меморандумите за соработка што се чека.

Ова последното, според нив,  е „трн“ во окото и причина за недоразбирања меѓу Атина и Скопје, но грчката влада – поради внатрешен мир – не изгледа подготвена да ги донесе спорните документи во Парламентот за гласање.

Информациите на грчките медиуми се  дека Пендаровски ќе побара ратификација на меморандумите за соработка, цитирајќи извори од Македонија дека „тој ќе биде искрен со Атина“. Тој ќе изјави дека Грција има приоритет за соработка со Северна Македонија, но доколку Атина не ги ратификува договорите, тогаш неговата земја ќе се сврти кон други земји за слична соработка, што и да значи тоа. Исто така, се очекува Пентаровски да го покрене прашањето за ветото што го поставија Бугарите во процесот на пристапување на Скопје во ЕУ и ќе побара помош од Грција, со цел да се изврши притисок  врз оактуелната влада во Софија.

Како и да е, пишуваат медиумите, има случувања околу ова прашање, бидејќи Брисел порача преку нон пејпер  дека „интеграцијата на Западен Балкан во европските и евроатлантските институции е прашање на долгорочна безбедност со висок приоритет“.

Грчката влада, од своја страна, ќе го сврти вниманието на раководството на Северна Македонија кон доследното почитување на Договорот од Преспа и кон избегнување на дејствија што провоцираат.

Пендаровски ќе биде првиот македонски претседател што ќе оствари официјална посета на Грција. Тој ќе се сретне со претседателот, премиерот, првиот човек на Парламентот и со лидерот на опозицијата. Посетата ќе се оствари на 5 и 6 октомври.