Грчката опозиција бара од Мицотакис парламентот да ги усвои трите меморандуми за Македонија


 

Да продолжи со верното спроведување на Договорот од Преспа, со тоа што парламентот ќе ги усвои трите меморандуми за соработка со Македонија, побара од премиерот Киријакос Мицотакис лидерот на Новата левица, Алексис Харицис. Тој го обвини премиерот дека е „спонзор“ на националистите во македонија и на ВМРО-ДПМНЕ

„Новата претседателка на Северна Македонија за време на нејзината заклетва рече само ‘Македонија’. Многу се плашам дека ова е само почеток“, рече Харицис и додаде: „И одговорноста на Мицотакис и Нова демократија е огромна затоа што сите претходни години работеа како спонзори на националистите и ВМРО од другата страна на границата кога носеа шлемови и зборуваа за предавничкиот Договор кој мора да се укине“.

„Денес господинот Мицотакис прави салто и вели дека Договорот мора да се следи до буква. Но она што тој мора да го направи не го прави пет години. Да ги достави трите референдуми за соработка со Северна Македонија на ратификација во парламентот да престане да ги милува ушите на националистите и екстремните десничари во неговата влада, во неговата партија, јавноста и да ја врати нашата земја, Грција, на патот на мирниот соживот, на патот на соработката, на патот на мирот. Господинот Мицотакис мора да продолжи со спроведување на Договорот од Преспа“, рече лидерот на Нова левица.

Владата ја плаќа цената на своите активности во надворешната политика, како што изјави претставникот за печат на Сириза, Вула Кехагија. „Тој ги искористи сите национални прашања како алатка: од прашањето за Северна Македонија, името на соседната земја, до грчко-турските односи“, додаде таа.