Грчка свадба на принцот Филипос, најмалиот син на кралот Константин


Грција- Принцот Филипос од Грција и Данска (35) , најмалиот син на кралот Константин и кралицата Ана-Мари, се венча со Нина Настасја Флор (34) , по трет пат за една година.

Принцот Филипос работи како аналитичар на хеџ фондови во Њујорк, додека Нина е креативен директор за ВистаJет, воздухопловната компанија на нејзиниот татко, како и основач на еколошкиот поморски истражувачки објект Bazaruto во Мозамбик.

Иако Грција ја укина нивната монархија во 1973 година, кралот Константин и неговите пет деца со кралицата Ана-Мари ги задржаа своите кралски титули. Сестрата на кралицата Ана-Мари е данската кралица Маргарет Втора, а Константин е втор братучед со принцот Чарлс (па дури и кум на принцот Вилијам!).

Третата венчавка беше раскошна церемонија вчера во Митрополитската катедрала во Атина, на која присуствуваа членови на кралското семејство од неколку европски монархии. Невестата носеше венчаница на Шанел и дијамантска тијара, која и припаѓа на нејзината свекрва, кралицата Ана-Мари.   

Принцезите Беатрис и Јуџин на свадбата во Атина

Кралот Константин  и мајката на Филипос, данската кралица Ана-Мари, беа присутни, како и принцезата Евгенија, принцезата Беатрис и други членови на кралското семејство. Таткото на невестата, швајцарскиот милијардер Томас Флор, исто така присуствуваше на венчавката.

Младенците првпат се венчаа на многу интимна церемонија во ексклузивниот швајцарски ски-центар Сент Мориц во декември. Поради строгите ограничувања на Швајцарија за Ковид-19, нивните татковци беа единствените кои беа сведоци на изненадувачката свадба.

„Само што се омажив (цивилно)“, напиша тогаш Нина на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која таа и Филипос се гушкаат пред снежна планина.

Тие подоцна ја прославија својата заедница повторно со пролетен настан на високото општество во Кембриџшир, чиј домаќин беше новинарката на Вог, Алис Нејлор-Лејланд и нејзиниот сопруг Том во нивниот дом, Стибингтон Хаус, според Дејли Меил.

Свршувачката на Нина и Филипос првпат беше објавена од грчкото кралско семејство во септември 2020 година. Изјавата, исто така, откри дека принцот ја побарал за жена на островот Итака претходно истото лето.

Нина ја прослави веста и на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која двајцата се гушкаат на карпест рид со поглед на Средоземното Море. „Најмил мој Филипос. Те сакам денес, ќе те сакам утре и засекогаш“, напиша таа.

Двојката претходно присуствуваше на кралската венчавка на принцезата Јуџин и Џек Бруксбанк заедно во октомври 2018 година.