Гран: Безбедносното опкружување на НАТО бара долгорочно одржување на трошоците за одбраната


Состојбата со безбедноста во соседството на територијата на земјите на НАТО по руската анексија на Крим во 2014-та, а особено по инвазијата на Русија врз Украина во февруари минатата година го актуелизира прашањето за споделување на товарот на трошоците меѓу членките на Алијансата. 

Како што наведува соработникот на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) и поранешен помошник генерален секретар на НАТО за инвестиции во одбраната, Камиј Гран во анализа за порталот „НАТО Ревју“, прашањето за трошоците за одбрана на Алијансата е старо колку и самиот Пакт и тоа во основа се базира на две дебати.

Првата се однесува на остварувањето на целта на мисијата на НАТО за гарантирање на безбедноста на евроатлантската област и втората, за поделбата на товарот трошоците за одбрана, па оттука, според Гран, европските сојузници и Канада, често со право, се критикувани од страна на САД дека не го носат својот фер удел од товарот на колективната одбрана. 

Тој потсетува дека „Обврската за одбранбени инвестиции“ (ДИП) од 2014 година – усогласена на Самитот во Велс во 2014 година – воспостави важна основа со која е поставена на целта секоја членка да издвојува најмалку 2 отсто од својот БДП за потребите на одбраната. 

– Како резултат на ДИП, европските сојузници и Канада инвестираа дополнителни 350 милијарди американски долари од 2014 година, зголемувајќи ги трошоци за одбрана во следните осум години. Меѓутоа, важно е да се гледаат не само бројките, туку и приоритетите и одбранбените способности што се испорачуваат додека сојузниците постепено ги зголемуваат трошоците за одбрана. Во пресрет на самитот во Вилнус и 75-годишнината од Алијансата, што ќе се прослави во Вашингтон во 2024 година, исто така е вредно да се разгледа релевантноста на сегашната цел од 2 отсто и да се обидеме да ги утврдиме одржливите и долгорочни заложби, наведува Гран.

Тој потсетува дека за време на Студената војна, одбранбените трошоци за НАТО сојузниците, без САД, во просек изнесуваа над 3 отсто од БДП, со некои значителни варијации и ретко паѓаа под 2 проценти. По завршувањето на Студената војна уследи прв значителен пад на одделувањето на средствата за одбраната на почетокот на 90-ти години на минатиот век, а во следните 20 години, особено по глобалната финансиска криза во 2008-та, одбранбените трошоци се намалија за околу 20 проценти.

– Ова доведе до значително намалување и на обемот и на подготвеноста на вооружените сили на повеќето сојузници. Дополнително, новите земји членки на НАТО имаа тенденција да ги намалат трошоците за одбраната по приклучувањето во Алијансата, зајакнувајќи ја перцепцијата дека некои сојузници „се возат на сметка“ на другите. Во последната деценија, овие падови на трошоците за одбрана од страна на сојузниците на НАТО беа во остар контраст со трендовите на други места во светот, наведува Гран, потсетувајќи дека според податоците на Стокхолмскиот институт за мировни истражувања (СИПРИ) од 2000 година, трошоците за одбрана на Русија пораснале за 227 отсто, додека на Кина се зголемија за 566 проценти. 

НАТО потпиша договор за зајакнување на кибер поддршката за Украина, откакоо големиот хакерски напад врз Киев ги зголеми тензиите поради стравувањата дека Русија може да подготвува инвазија

По руската анексија на Крим, на шефовите на држави или влади на членките на НАТО на Самитот во Велс во 2014 година ја усогласија „Обврската за одбранбени инвестиции“ (ДИП), која до денес останува политичка основа на посветеноста на сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана.

Согласно ДИП, членките на НАТО се обврзаа во рок од една деценија, односно до 2024 година, постепено да ги зголемат средствата што ги одвојуваат за одбраната на ниво од 2 проценти од националниот БДП. Дополниелно, тие се обрзаа да трошат повеќе од 20 отсто од нивните буџети за одбрана на набавка на опрема и за истражување и развој. 

– Но, дури и со оваа дополнителна обрска, брзо стана јасно дека ставката од 2 отсто е финансискиот и политичкиот репер според кој првенствено ќе се оценуваат напорите на сојузниците, вклучително и во контекст на обновените трансатлантски расправии околу поделбата на товарот на троцоите за време на мандатот на (американскиот претседател Доналд) Трамп, заклучува Гран.

Тој оценува дека Годишниот извештај на генералниот секретар на НАТО за 2022 година покажува дека напорите за остварување на овие цели биле значително видлив, па така од 2015 година бројот на земји што ја исполниле целта „за 2 отсто од БДП“ се зголемила од 3 на 7, а на оние држави што ја постигнале целта „за инвестиции од над 20 проценти“ пораснала од 7 на 26. 

Мобилизацијата во Русија, шефот на полската дипломатија ја означи како доказ дека Путин доживува пораз во својата војна. А, со тоа што на фронтот праќа необучени и слабо опремени регрути, нем

– Повеќето сојузници сега имаат цврсти планови да ги исполнат насоките во наредните години, а севкупно ова претставува дополнителни 350 милијарди американски долари кои се потрошени од сојузниците, без САД. Иако огромното мнозинство од сојузниците ги зголемија трошоците за одбрана како дел од БДП, се уште постои одредена значајна разновидност меѓу нив. Сојузниците генерално спаѓаат во една од трите групи, од кои секоја претставува приближно една третина од Алијансата: оние кои веќе ја исполнуваат или речиси ја иполниле целта „од 2 отсто“, оние кои брзо се движат кон таа цел и се очекува да ја исполнат во блиска иднина и оние кои планираат да ја постигнат целта „од 2 отсто“, но сè уште заостануваат (во моментов се под 1,5 проценти) и веројатно наскоро нема да ја исполнат целта, додава Гран, кој беше помошник генерален секретар на НАТО за инвестиции во одбраната од 2016 до 2022 година.

Сепак, според него, иако зголемување на трошоците за одбрана во последниве осум години обзбедија дополнителни средства, тие пари се уште не им овозможуваат на сите земји членки да ги надминат последиците од претходните намалувања на буџетите за одбраната. 

– Од оваа перспектива, значителните зголемувања што се случуваат денес им овозможуваат на сојузниците да остварат три поврзани и подеднакво важни цели. Прво, најмалку видливиот, но сепак критичен напор е да се обноват силите на вистинското ниво на подготвеност и воена ефикасност. Накратко, станува збор за обука и вежбање, набавка на муниција и резервни делови, за да се осигури дека силите на сојузниците на НАТО се борбено подготвени за реакција на краток рок, под какви било околности и во доволен број. Војната во Украина меѓутоа покажа дека многу сојузници се мачеа да најдат достапни резерви на муниција за донирање на Украина или да ги опремат своите сили и можеа да распоредат само ограничени борбени сили за краток рок. Оваа линија на напори е од клучно значење за исполнување на тешките сценарија поврзани со одбраната на евроатлантската област и ќе бара постојан напор со текот на времето за да се осигура дека сојузниците ги исполнуваат соодветните стандарди, смета Гран.

Вендиктов кажа дека украинското барање за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег“.  -Киев е свесен дека таков чекор значи загарантирана ескалација за Третата светска војна, рече Ве

Втор проблем, според Гран, е што сојузниците се соочуват со недостиг на капацитети во родовите кои биле запоставени повеќе од 20 години, додека во тој период се фокусираа на менаџирањето на кризи и справување со бунтовнички групо на поширокиот реон на Блискиот Исток и во Африка.

– Процесот на одбранбено планирање на НАТО им овозможи на сојузниците да ги идентификуваат овие клучни недостатоци во капацитетите, а со тоа и да започнат со обнова на способностите на копнените, поморските или воздухопловните сили преку набавка на модерни платформи. Сојузниците исто така се фокусирани на обнова на капацитете на одбранбената индустрија. Целите и приоритетите може да варираат од еден до друг сојузник во зависност од големината и локацијата, но приоритет за НАТО во целина е враќање на воениот и индустрискиот капацитет за справување со предизвиците, додава Гран.

Според него, специфичните области на фокус во тој правец се развојот на копнените сили, пред се на оклопните и артилериските единици и логистиката, понатаму интегрираната противвоздушна и ракетна одбрана, како и подводни операции.

– Трето, зголемените трошоци за одбрана им овозможуваат на сојузниците подобро да се подготват за иднината. Технолошката предност на НАТО отсекогаш била клучна предност за Алијансата. Инвестирањето во одбраната го поттикнува истражувањето, ја развива следната генерација на опрема и гарантира дека НАТО ќе остане конкурентен во новите родови, како што се вселенските сили или кибер просторот. Овој фокус кон иновациите е клучот за идниот успех на НАТО во опкружување каде технолошката предност на Западот повеќе не може да се зема здраво за готово. Ова ќе бара многу поблиска соработка со различни актери во приватниот сектор, академската заедница и регулаторните органи, вклучително и Европската унија, додава Гран.

На утрешниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ поканет е генералниот секретар на НАТО Алијансата, двете организации сакаат поблиска соработка во борбата против пандемијата, информираат

Тој нагласува дека секој од овие приоритети сам по себе ги оправдува напорите за зголемување на трошоците за одбрана и јасно покажуваат колку е клучен одржливиот напор, особено во услови на безбедносна средина во која живееме денес.

– Се повеќе и повеќе сојузници најавуваат планови да одат над целта од 2 отсто и да направат поголеми инвестиции во нова опрема и капацитети. Некои предлагаат да се зголемат поставените цели, додека други остануваат загрижени за последиците од ограниченото фискално опкружување и нивната способност добро да ги користат буџетите кои се трошат премногу брзо. Во овој контекст, важно е да се препознае дека 2 проценти треба да биде подот, а не плафонот. И подеднакво е важно да се прават постојани напори во тој правец во следната деценија или барем додека безбедносното опкружување не стане поохрабрувачко, смета Гран.

Тој оценува дека, за жал, безбедносното опкружување во Европа ќе остане нестабилно во догледна иднина и затоа се потребни цврсти мерки за одвраќање и одбрана за да се спречи проширување на конфликтите на територијата на НАТО. 

– Русија најверојатно ќе остане непријателска и/или нестабилна, со нејзините основни воени способности главно ненамалени надвор од копнениот домен. На јужното крило на Европа, лакот на нестабилност се протега од Западна Африка до Авганистан, со повеќе полупропаднати држави и можна понатамошна дестабилизација, поттикната меѓу другото од руските дејствија. Стратешкиот натпревар со Кина, вклучително и преку зголеменото кинеско присуство во евроатлантската област, генерира дополнителни ризици од потенцијално големи последици, истакнува Гран.

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници.

Затоа, според него, како Алијансата се приближува до 2024 година, сите очи ќе бидат насочени кон првичниот рок за постигнување на целта „од 2 отсто од БДП“. Токму затоа, претстојниот Самитот во Вилнус на 11 и 12 јули и Самитот во Вашингтон во 2024 година треба да бидат можност лидерите на НАТО да ги разгледаат достигнувањата и да се договорат за идните обврски. 

Гран смета дека тие идни обврски би можеле да вклучуваат оставрување на поставените цели од Самитот во Велс без одложувања, обврски за вложување на неопходните напори за зајакнување на армиите, справување со недостатоците идентификувани во Процесот на планирање на одбраната и разгледување на можностите за подобро поврзување на НАТО со активностите на ЕУ, особено преку заедничко инвестирање во капацитетите и технологијата.

– Разговорот за инвестициите во одбраната и буџетот не може и не треба да бидат исклучени од пошироката стратешка дебата меѓу сојузниците, бидејќи тие се однесуваат на иднината на трансатлантските односи, 75 години по создавањето на НАТО. Ова бара сојузниците целосно да станат свесни колку е променето безбедносното опкружување и колку самата Алијанса се промени за да одговори на предизвикот – не само во повеќето од изминатите 75, туку особено во последните десет години. Само преку ова осознавање сојузниците ќе можат да извлечат искрени и јасни лекции за новата ера во историјата на НАТО.