Скопјани се солидаризираат за да стигнат на работа или на училиште
Претседателот на градскиот совет Трајко Славески синоќа објави дека е закажа седница на Советот за денеска во 18 часот
Јавниот превоз и утрово е редуциран поради недостиг на гориво за автобусите на ЈСП Скопје.
Скопјани гневни и револтирани, и утринава мора да се снаоѓаат како знаат и умеат за да стасаат до своите работни места, училишта и на други места каде што утринава треба да бидат. Застануваат на постојка со автомобил , прашуваат кој е до Џамбо, до Бит Пазар или до Ѓорче.
-Со часови се чека, ова во ниту еден нормален град го нема. На крајот сите плаќаме такси и покрај тоа што уредно сум си платила слободна за да ја користам. Кој ќе ми ги врати парите што јас сега не можам да користам јавен превоз? прашува една скопјанка.
Во Скопје од вчера сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.
Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ вчера изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како што рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани.
Тој најави дека е можно и денес воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие.
Од Град Скопје вчера попладне признаа дека нафта за јавното сообраќајно претпријатие нема, а за тоа виновен е премиерот Христијан Мицкоски кој, според нив креира кризи во јавните претпријатија.
– Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот, бидејќи нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град, соопшти Филипче.
Претседателот на градскиот совет Трајко Славески синоќа објави дека е закажа седница на Советот за денеска во 18 часот.