Граѓаните повикуваат на блокада на „Партизанска“ по смртта на младата Фросина
„Освен што ќе ги бојкотирате маркетите, појдете на „Партизанска“, пешачкот кај Силбо, во 13.00 и заедно да го блокираме булеварот“.
Вакви апели се споделуваат на социјалните мрежи од вчеравечер. Граѓаните се револтирани по објавуањето на веста дека младата Фросина загина на пешачки премин кој го поминувала на зелено светло на семафорот.
Граѓаните бараат промени, особено поради фактот дека возачот кој ја усмрти младата и надежна Форсина бил со криминална историја, но наместо во затвор или во поправен дом, како што сугерирале судските власти, беснее по улиците под дејство на алкохол.
– Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на „Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13 часот и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!!
А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!! – е еден од апелите кои се споделуваат на Фејсбук. Но, има повеќе.
По вчерашната трагична сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во која беше прегазена и загина 22-годишната Фросина Кулакова, на социјалните мрежи се споделуваат повици за протест кој ќе се одржи денеска.
Според објавите, се повикува на протестен собир и блокада на булеварот, во знак на револт против дивеењето на возачите и небезбедноста на улиците. Во најавите, кои немаат конкретен организатор, се споменува дека протестот ќе започне во 13 часот.
Вчера пак, граѓани спонтано оставаа цвеќе и пораки на сочувство на местото на несреќата кај Универзалната сала.
Обвинителството денеска соопшти дека 20-годишниот возач В.Ј., кој ја усмрти Фросина возел пијан и без возачка дозвола, со огромна брзина и поминал на црвено светло додека девојката го поминувала булеварот на пешачки премин. На возачот му беше одреден притвор од 30 дена.
Претходно, Обвинителството соопшти дека тој бил обвинет за продавање дрога и дека во таа постапка бил во притвор, но скопскиот Кривичен суд му го укинал притворот и го упатил во воспитно-поправниот дом во Тетово.
На социјалните мрежи граѓаните револтирани бараат одговори и одговорност зошто на 20 годишникот со досие му се прогледувало низ прсти за досегашните прекршоци и се дозволило да загрози човечки животи. Се споделуваат остри критики паралелно со безброј пораки на сочуство до семејството.
За потсетување, точно пред три години се случи слична трагедија, на истиот булевар
На 20 јануари 2022 година, на пешакиот премин пред трговскиот центар „Сити мол“ животот го загуби младата Викторија Николова, а уште едно лице беше повредено.