Граѓаните на Албанија први во регионот по барања за азил


После големиот пад во април и мај, барањата за азил од страна на албанските граѓани во земјите на Европската унија покажуваат нагорен тренд во јуни, иако со многу пониска стапка во споредба со периодот пред пандемијата со Ковид-19.

Во јуни, кога почна постепеното отворање на воздушниот сообраќај и копнените граници, податоците на Европската канцеларија за азил (ЕАСО) покажуваат дека имало 394 барања за азил од албански граѓани, од кои 73 отсто се апликации за првпат, а остатокот повторени апликации. Споредено со мај, кога имало само 90 апликации, нивниот број во јуни е четирпати повисок.

Во јануари и февруари, кога ситуацијата со движењето беше нормална, во просек месечно имало повеќе од 1.000 апликации за азил додека во јуни нивниот број бил околу 40 отсто од нивото пред кризата.