Градоначалникот на Илинден собра потписи за да се трка како независен


Градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, соопшти дека со силна поддршка од жителите на општина Илинден и бизнис секторот собрал доволно потписи и неговата кандидатура како независен кандидат за градоначалник е потврдена.

-За само неколку часа собрани се повеќе од потребниот број на потписи во канцеларијата на ДИК.По исклучителните резултати што ја прават општина Илинден една од најуспешните на национално ниво во однос на одржливиот економски раст и развој, подготвен сум да продолжам со работа, најави Стојановски.

ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во оваа општина предложи друг кандидат иако Стојановски беше нивниот најдолговечен градоначалник кој доби дури четири мандати а сега се трка за петиот.