Градоначалникот на Илинден ќе се трка за петти мандат како независен
Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на општината откако ВМРО-ДПМНЕ излезе со ново име за прв човек на оваа општина.Стојановски планира да биде независен кандидат и ќе ги собира потребните потписи.
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нов кандидат за оваа општина, Александар Георгиевски кој не е познат за пошироката јавност. Стојановски се решил на ваков чекор бидејќи чувствува морална обврска да се кандидира со оглед на големата поддршка што ја имал и од граѓаните, но и бизнис заедницата.
Стојановски е на чело на општината четири мандати, а сега ќе ја бара довербата по петти пат. Тој беше дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поранешните функционери на партијата Ивица Коневски, Филип Петровски, Петре Латиновски, Борче Стамов, кои бараа ново раководство на опозициската партија.