Град Скопје и универзитетите ќе соработуваат за „Европска престолнина на културата 2028“


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски потпишаа меморандум за соработка со највисокорангираните универзитети во Македонија во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во реализацијата на проектот.

-Со меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво – соопшти Град Скопје.

Во соопштението наведува дека академската заедница „останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на ‘Скопје 2028’, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија“.