„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се закити со уште две награди
„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната награда за најдобар филм, а Зорица Нушева за улогата на Петрунија е прогласена за најдобра актерка.
Наградите ги додели петчленото жити предводено од Холанѓанката Клаудија Лансгенберг.
На церемонијата во Тирана присуствуваа актерите Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.
Петрунија во месец мај ќе биде преставен на уште два фестивала. По Тирана патува во Романија на Фестивалот Траснсилванија, а потоа во Украина на Молодист Филм фестивал, соопшти Продукција Митевски.