Гори во близина на хотелот „Белви“ во Скопје


Гори голема површина со трска во близина на хотелот Белви. Се работи за пожар кој зафатил речиси 20 хектари површина. Трската е околу каналот помеѓу Арачиново и Белви. 

Екипите на противпожарната бригада се веќе на терен. 

Нема информација за повредени лица.