Гореше Бе-ем-ве, а противпожарното возило не можеше да дојде до возилото од паркирани автомобили


Од иницијативата „Шанса за Центар“ споделија видео од синоќешниот пожар на просторот пред зграда кај Зелен пазар каде беше опожарено возило, а од огнот беше зафатен и продажен објект.

– На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект, информираа од полицијата.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од „Шанса за Центар“ потенцираа дека проблем било додека Противпожарното возило да пријде до пожарот поради паркираните возила.

– Синоќа имало пожар кај Зелен пазар. Наши поддржувачи ни пратија видеа како Пожарната не можела да пријде од паркирани коли за да постапи навремено. Сограѓани, ако е оставен хаос на паркинзите, кога паркирате замислете дека на секој еден може да му притреба Пожарна или Брза помош, алармираа оттаму.

„БМВ“ гореше доцна синоќа кај Зелен пазар, огнот зафатил и продажен објект

Министерството за внатрешни работи со детали за синоќешниот голем пожар кој избувна во центарот на Скопје, веднаш до Зелен пазар

„На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.