„Google maps“ добиваат импресивно 3D искуство за пет градови
Функцијата „Immersive View“ која прв пат е претставена минатата година, сега ќе биде достапна за „Google maps“ во пет градови ширум светот.
„Immersive View“ комбинира милијарди „Street View“ снимки од воздух, овозможувајќи им на корисниците да го гледаат квартовите како да летаат над нив, а потоа можат да се спуштат до ниво на улицата за од поблиску да ги погледнат областите кои ги интересираат. Искуството во суштина потсетува на „Google Earth“, но со слободата на „Street View“ да истражува подетално.
„Immersive View“ прв пат е најавен во мај 2021-ва година и проширен во септември минатата година на 250 глобални знаменитости, вклучувајќи ја Токиската кула и Атинскиот Акропол. Сега оваа функција е достапна да ги покрие Лондон, Лос Анџелес, Њујорк, Сан Франциско и Токио, а функцијата „Indoor Live View“ се шири на 1.000 аеродроми, железнички станици и трговски центри, пренесува „Verge“.
Magic happens when #AI and #ComputerVision enter the chat. 🚀 😉
Updates to Immersive View and Live View bring true-to-life augmented reality experiences to your fingertips and create new ways to explore the world as we know it! 🤯
See it in action → https://t.co/LUIatcQUFz pic.twitter.com/YJu1V2tTFY
— Google AR & VR (@GoogleARVR) February 9, 2023
Портпаролот на компанијата „Google“ Перл Ксу потврди за „The Verge“ дека оваа функција е достапна за „Android“ и „iOS“ и дека компанијата во текот на наредниот период планира да ја овозможи и за десктоп. „Immersive View“ исто така ќе биде достапен во повеќе градови во наредните месеци, вклучувајќи ги Амстердам, Даблин, Фиренца и Венеција.
„Immersive View“ може да се користи за работи како што е планирање на патувања во музеи, паркови или други активности, овозможувајќи им на корисниците виртуелно да ги прелетаат зградите за да лоцираат влезови, да проверуваат сообраќај или паркинг во близина и да видат кои подрачја обично имаат најголеми метежи. Тука е и временскиот „слајдер“ кој може да се користи за преглед на локации во различен дел од денот и под предвидени временски услови.
Корисниците кои бараат кафулиња или ресторани можат да погледнат внатре во избраните локации пред да ги посетат, а со „Immersive View“ ги трансформираат фотографиите со напредна AI техника која генерира 3D сцени со повеќе фотографии од различни агли.