Големите западни брендови масовно си одат од Русија


Неколку големи меѓународни брендови преку ноќ најавија дека ќе престанат со работа во Русија.

Боинг ќе престане да обезбедува делови, техничка поддршка и одржување за руските авиокомпании, соопшти компанијата. Приклучувајќи им се на Mastercard и Visa, American Express објави дека ќе се усогласи со  меѓународните санкции и ќе ги запре „односите со засегнатите банкарски партнери во Русија“.  „Најк“ исто така објави дека ќе се повлече од Русија.

Во меѓувреме, Ворнер Брос го блокираше излегувањето на „Бетмен“ во Русија, кое требаше да излезе во петок, под водството на Дизни.

 Нафтениот гигант Ексон Мобил, исто така, доцна во вторникот објави дека ќе ги прекине своите операции во Русија и ќе запре секоја нова инвестиција во земјата. Најавата на Ексон  следи по BP, Shell и Equinor кои претходно во неделата рекоа дека ќе се откажат од сопствените операции во Русија. И „Ејпл“ најави дека неговите производи веќе нема да се продаваат во Русија.