Големите поплави предизвикаа хаос низ цела Европа (Галерија)


Уништен пат по поплавите во Бад Минстерајфел, Германија (Фото: ЕПА)

Најмалку 21 лице загина, а десетици се водат за исчезнати или чекаат спасување од покривите по силниот дожд и поплавите што предизвикаа уривање на згради и куќи во западните германски покраини Рајнланд-Пфалц и Северна Рајна Вестфалија.

Во областа Шулд во планинскиот венец Ајфел, полицијата во четвртокот наутро соопшти дека трага по околу 70 исчезнати лица по уривањето на шест куќи. Потврдено е дека најмалку осум лица починале, соопштија официјалните лица.

Оштетен мост по поплавите во Хаген, Германија (Фото: ЕПА)
Поплавениот плоштад во Штанстад на езерото Вирвалдштатерсе, Швајцарија (Фото: ЕПА)
Поплавите предизвикани од реката Ар во село во Ајфел, Германија (Фото: АП)
Човек оди во гумени чизми во Валкенбург ан де Гол во Холандија. Поплавите ги предизикаа надојдените води на реката Гол (Фото: ЕПА)
Реката Ројс во Луцерн, Швајцарија, ги проби нејзините брегови (Фото: ЕПА)
Центарот на Бад Минстерајфел, Германија, беше уништен од поплавите (Фото: РЕКС)
Работници за итна помош во поплавениот град Енсивал, Белгија, по големите дождови (Фото: ЕПА)