Голема полициска акција во Арачиново за заплена на оружје и дрога

Голема полициска акција е во тек во Скопско Арачиново, а за ТВ 21 , МВР ја потврди акцијата.
Неофицијално телевизијата дознава дека запленета е голема количина на дрога и оружје.
Оклопни возила се наоѓаат пред селото Арачиново, а поради безбедносни причини, формиран е безбедносен круг. Пристапот е забранет.