Претреси и приведувања во Шутка, на удар и поранешниот директор Филип Андонов


 Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје. Од Обвинителството во кусата информација најавија повеќе детали во текот на денот.
 
Според неофицијални информации на ТВ21, се работи за поранешни и сегашни вработени во затворите кои работеле незаконски и биле организирана криминална мрежа.Отворена е истрага за злоупотреби во затворот во Шутка со која се опфатени повеќе затворски полицајци, надзорници, но и дел од поранешното раководство на затворот.Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот директор на затворот Скопје во Шутка, Филип Андонов Сокол и неговиот заповедник.