Голема поддршка за СТЕМ шампионите во роботика

Оваа година, конкуренцијата исто така е сериозна. Нашите претставници настапуваат во три тима, сите во знакот на Space Walkers. Децата изминатиот период напорно работеа и ги подготвија роботските креации со кои на натпреварот ќе треба да реализираат повеќе мисии. Предизвиците што се поставуваат се кратки, но повеќе димензионални, дизајнирани да им дадат можност на учесниците да креираат сопствено решение за дадената задача. Во моментов роботите и додатоците се готови, а се работи на кодирање.
Младите шампиони во роботика ја поздравија публиката на донаторскиот настан, истакнувајќи благодарност за големата поддршка, и споделувајќи дека токму интересот за роботиката ги направил дел од светот на СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика).
Учеството на Олимпијадата како и искуството во СТЕМ ја развива кај децата генијалноста, стратешкото планирање и тимската работа. Исто така кај ги учи децата како да се справуваат со предизвиците и ги мотивира да се ориентираат кон барање решенија и да не се откажуваат.
Пред публиката се обратија и менторите од СТЕМ Академија, Александра Митревска и Жарко Поп-Илиев, кои порачаа дека успехот всушност не е само во наградата туку во тоа што се учи на патот додека да се стигне до наградата. Благодарници за соработката се доделија на Сашко Коцев кој го водеше настанот како и на локалот „Beer Garden”, кои хонорарот, однос дел од прометот, го донираа за покривање на трошоците за учество на олимпијадата.