Голема чистка во Баерн: Легендите добија отказ половина час по освојувањето на титулата

Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ добија отказ од позициите во Баерн откако ја прославија 11-та титула во низа


Фудбалерите на Баерн ја освоија 11-та по ред шампионска титула на Германија, откако вчера во драматично6то последно коло од Бундеслигата го совладаа Келн со 2:1, додека Борусија Дортмунд одигра 2:2 против Мајнц. Но, тие останаа без клупскиот оперативец, и без спортскиот директор.

Генералниот директор и легенда на германскиот фудбал Оливер Кан беше разрешен од таа функција веднаш по освојувањето на титулата во Баерн. Со него замина и Хасан Салихамиџиќ кој ја имаше функцијата спортски директор.

Голот на Џамал ​​Мусиала им донесе уште една титула на Баварците, но Баерн се покажа ранлив по една деценија доминација во Бундеслигата. Раководството на Баерн ги откри двајцата главни виновници веднаш по натпреварот, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан добија отказ, пренесува германски Билд.

Салихамиџиќ беше на трибините во Келн и го бодреше својот Баерн, а Кан, се чини, знаеше што следува и не присуствуваше на натпреварот.

Нов спортски директор на Баварците ќе биде Јан-Кристијан Дрезен, а популарниот Браца ќе добие зголемена отпремнина со оглед на тоа што неговиот договор со Баерн е со важност уште две години.

Иако титулата е освоена, Баерн сезоната ја смета за неуспешна поради предвремената елиминација од Лигата на шампионите, како и поради неубедливите настапи во Бундеслигата. Германските медиуми ги зедоа „на заб“ Кан и Салихамиџиќ, кои беа задолжени за сите трансфери, како и за одлуката да го заменат Јулијан Нагелсман со Томас Тухел на средината на сезоната.

Во драмата од последното коло Баерн стана нов, стар шампион на германската Бундес лига. Но, штом го потврдија освојувањето на 11-та шампионска титула во низа, пристигна шокантна вест – Оливер Кан и Хасан Салихамџиќ добија отказ!

Тоа беше разочарувачка сезона за Баварците, ја освоија титулата во лигата, но на крајно неубедлив начин. 

Борусија Дортмунд влезе во последното коло со два бода предност, но сето тоа го испушти на неверојатен начин. Баварците го искористија тоа и ја освоија титулата, но некој мораше да ја плати цената за раната елиминација од Лигата на шампионите и Купот.

На натпреварот во Келн не присуствуваше Кан, кој тврди дека клубот му забранил да присуствува на натпреварот:

„Неверојатно! Честитки за играчите! Отсекогаш ви велев дека можете да го направите ова! Секогаш давајте се од себе и никогаш не се откажувајте. Неверојатно сум горд на вас и ова достигнување! Планирав да бидам со вас во Келн , но клубот ми забрани да дојдам на натпреварот“, откри Кан на Твитер.