Голема акција против даночна мафија – МВР апси


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Неофицијално, досега се уапсени повеќе од 10 лица осомничени за организирано затајување данок и сериозни финансиски злоупотреби.

Меѓу приведените има и вработени во Управата за јавни приходи, кои, според истрагата, ја злоупотребувале својата службена позиција за да овозможуваат незаконски поврати на ДДВ и други даночни малверзации со кои биле нанесени големи штети на државниот буџет.

Повеќе информации ќе има во текот на денот, соопшти ОЈО за ГОКК.