Голем пораст во бројот на починати од Ковид-19 денеска во Франција


 

Бројот на починати од корона вирусот во Франција денеска порасна за 263.

Тоа е значително повеќе од 70, колку што беа регистрирани вчера.

Вкупниот број починати во Франција од корона вирус изнсува 26.643, наведе Министерството за здравство, што е најголем број по САД, Британија, Италија и Шпанија.

На одделенијата за интензивна нега денеска се наоѓаат 2.712 пациенти, што е помалку во однос на вчера, кога имаше 2.776, во согласност со подолготрајниот пад.