Голем пораст на бројот заразени во Москва, властите го обвинуваат нихилизмот
По рекордниот број нови случаи на зараза со корона вирус во Москва, Русија, Кремљ наглиот пораст го препиша на неспремноста на луѓето, чија причина е припишана на нихилизмот.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песко, рече дека претседателот Владимир Путин ја следи ситуацијата.
Прашан да го објасни големиот скок во бројот новозаразени, Песков ја наведе лукавата природа на вирусот, алудирајќи на способноста за мутација, потполниот нихилизам и слабата вакцинација. Го отфрли мислењето на критичарите дека Русите нерадо се вакцинираат заради нефоверба во власта.
Градоначалникот на москва Сергеј Собјанин ги заостри рестриктивните мерки, па воведе забарана за јавни настани со повеќе од 1.000 луѓе, затворање на кафулињата и рестораните во 23 часот и затворање на фудбалските навивачки зони поставени за Европското првенство во фудбал.
На почетокот на неделата Собјанин рече дека Москва, која има 13 милиони луѓе, сега сес оочува со нова, агресивна варијанта и дека ситуацијата во престолнината брзо се влошува.
Истакна дека 90 отсто од новите инфекции во Москва се предизвикани од новата делта варијанта која прв пат е откриена во индија.
Русија е најголема држава на светот, а од почетокот на пандемијата има 5,2 милиони заразени. До 2 јуни, кога податоците беа достапни, најмалку прва доза вакцина примиле 18 милиони Руси, што прави една осмина од жителите.