Го зел возилото да го проба пред да го купи, па побегнал со него


Во саботата, во 19.30 часот во СВР Велес, жена од Велес пријавила дека била измамена од А.Ј. од Штип за сума од 3.000 евра.

Според пријавеното, тие се договориле А.Ј. да го купи нејзиното возило „фиат“ за сума од 3.000 евра и откако дошол во Велес го зел да го проба и оттогаш не се вратил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.