Го прашаа Бил Гејтс зошто користи приватен авион, додека повикува на борба против климатските промени


 

Мултимилијардерот Бил Гејтс одговори на прашањето дали е лицемерен што инсистира на борба против климатските промени, додека самиот придонесува за климатските промени со користење на приватниот авион.

Соосновачот на компанијата „Мајкрософт“ не е единствениот богаташ кој користи приватни авиони, а истовремено ги повикува сите останати на борба против климатските промени. Ова беше едно од прашањата во интервјуто за Би-би-си, дадено во Кенија.

„Купувам златен стандард за финансирање на Climeworks (швајцарска комапнија за апсорпција на јаглерод диоксид), што е далеку повеќе од јаглеродниот отисок на моето семејство. Трошам милијарди долари на климатски иновации. Значи, дали треба да останам дома и да не дојдам во Кенија за да научам за земјоделството и маларијата“, порача тој.

Гејтс укажа дека плаќа компензација за климатските промени, што подразбира милијарди долари преку неговата компанија Breakthrough Energy Group. Со оглед на тоа, не мисли дека е дел од проблемот, туку дел од решението. Укажа дека инвестира во технологија за апсорпција на јаглерод диоксид (CO2) од воздухот.