Го натепале, па пукале во него на сред Скопје
Момче од Скопје, на возраст од 20 години е рането во потколеницата, откако непознато лице пукало кон него со воздушна пушка, соопшти МВР.
Имено, во средата, околу 6 часот во СВР Скопје било пријавено дека зад угостителски објект на бул. „Св. Климент Охридски“ непознато лице со воздушна пушка пукало кон И.Р.(20) од Скопје и го погодило во пределот на левата потколеница.
Претходно, според пријавеното, И.Р. бил физички нападнат од неколку лица. На И.Р. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.