Глумецот Тони Михајловски кандидат за градоначалник на Куманово
- Д-р Александар Стојкоски – Општина Ѓорче Петров
- Тони Михајловски – Општина Куманово
- Дарко Костовски – Општина Бутел
- Жарко Ристевски – Општина Македонски Брод
- Дејан Владев – Општина Свети Николе
- Димчо Атанасовски – Општина Македонска Каменица
- Елеонора Рашковска – Општина Берово
- Зоран Здравевски – Општина Чашка
- Киро Нацков – Општина Градско
- Д-р Маријан Миленковски – Општина Пробиштип
- Миле Петков – Општина Виница
- Александар Китански – Општина Пехчево
- Бошко Цветковски – Општина Лозово
- Виктор Паунов – Општина Карбинци
- Далибор Ангелов – Општина Облешево
- Коста Маневски – Општина Зелениково
- Никола Најдовски – Општина Демир Хисар
- Д-р Мевмед Џафери – Општина Маврово Ростуше
- Кирил Пецаков – Општина Охрид
Главната карактеристика на кандидатите, според Мисајловски, е што огромно мнозинство се млади, некомпромитирани и нови имиња кои ќе внесат нова енергија, жар и ентузијазам за повеќе работи и многу успеси во развојот на општините.
-Ова се кандидатите кои ќе ја сочинуваат новата генерација на луѓе кои ќе настапат на политичката сцена и ќе го креираат развојот на општините во нашата земја. Нашата цел е да одиме на победа, да ги решаваме проблемите и да работиме за развојот на Република Македонија.Изборот е помеѓу стари, компромитирани кадри на власта, и нови луѓе, кои носат свежина и компетентност за големи чекори напред за сите луѓе во Македонија, порача тој на прес конференцијата.
На прашањето кога ќе биде објавена коалицијата со Алијанса за Албанците/Алтернатива, истакна дека набрзо ќе бидат соопштени деталите.
„Ќе имаме Извршен Комитет каде што ќе ги прецизираме сите работи, но исто оставаме сите органи на сите партии да се произнесат за потоа да направиме било каков договор“, порача Мисајловски.
Тој посочи дека во коалиција ќе се приклучат и други партии.
„Можеби се помали, но ќе учествуваат и ќе помагаат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори“, додаде Мисајловски.