Главниот германски вирусолог: Само политичарите тврдат дека новиот сој вирус 70 отсто побрзо се шири


Прашање е дали за забрзаниот пораст на бројот заразени на југоистокот на Англија е виновен новиот сој на корона вирусот иле се работи за нешто друго, смета водечкиот германски вирусолог.

Зборувајќи за новиот сој корона вирус, кој изби во Велика Британија, Кристијан Дростен, се сомнева дека може да биде и друго, односно дека може едноставно да не се почитувале мерките или да не биле стриктни.

„Изјавите дека овој сој е 70 отсто позаразен од претходниот не се ништо друго, туку само тврдења на политичарите. Одеднаш таа бројка се појаи, а никој не знае што значи“, вели Дростен, шеф на одделот за вирусологија во болницата „Шарите“, една од најголемите во Европа, за радио „Дојчландфанк“.

Дростен верува дека во моментот не постојат доволно податоци за да може да се зборува дали новиот сој на вирусот е поопасен од претходните. Додава дека такви податоци може да стигнат дури за неколку недели. Тој верува дека за брзото ширење на вирусот на југоистокот на Англија може и да не е виновен новиот сој на вирусот, пренесува „Спутник“.

„Прашање е дали вируот е виновен или се работи само за локално жариште, или можеби епидемиолошките мерки не биле доволно стриктни, а дека тогап трансмисијата се случила во подрачје каде владеел новиот сој. Прашање е и дали тој нов сој предизвикал бран на зараза или тој бран само го донесол“, вели Дростен.

Објаснува дека прерано е да се зборува дали тој нов сој побрзо се шири. „За да го знаеме тоа, мора да видиме кој кого заразил и колку траело“ вели германскиот стручњак и додава дека „би било изненадување ако главните парамтри, како што е инфективноста на вирусот, така одеднаш драстично се променат“.

Дростен вели дека слични мутации на корона вирусот веќе се јавувале во текот на пандемијата, за одеднаш да исчезнат. СПоред нго, новиот сој нема да влијае на ефикасноста на вакцината. Објасни дека имуниот одговор кој настанува со вакцинација е многу комплексен процес на кој тешко може да се влијае со мали промени на висурната структура.

Но, додава дека официјалните лица се во право кога се внимателни во однос на новиот сој, но дека нивниот пристап ќе се промени кога ќе имаат повеќе информации.