Ѓуриќ: Србија до 2027 година ќе ги заврши сите тешки реформи за влез во ЕУ
Шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија до 2027 година ќе ги заврши сите тешки реформи за влез во Европска Унија, кои се однесуваат на економската, политичката и сите други сфери на животот.
Тој, по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во Брисел, изјави дека очекува конечно по 27 години следење на тој политички пат, истиот да биде валоризиран.
– Сакаме ова да се препознае веќе оваа есен во форма на отворање нови поглавја. Ова е важно за нашето позиционирање на европскиот пат. Ова е важно за нашиот животен стандард, економијата и општеството што сакаме да го имаме, посочи Ѓуриќ.