Ѓоковиќ: Следната сезона ќе се борам за Гренд слем титули
Мелбурн – Новак Ѓоковиќ изрази уверување дека и следната сезона ќе остане меѓу претендентите за најголемите трофеи во тенисот. По невообичаено лошата 2024 година за него, во која не успеа да освои Гренд слем за прв пат од 2017 година, светскиот рекет број 7 изјави дека неговата мотивација останува висока.
-Иако беше тешка година, сепак верувам дека можам да играм на највисоко ниво. Мојата цел е барем уште еден слем трофеј пред да ја завршам кариерата, изјави Србинот за „Газета дело Спорт“.
Ѓоковиќ сугерираше дека личните проблеми и ограничениот распоред на натпревари влијаеле на неговиот настап, но е категоричен дека е подготвен да се соочи со ѕвезди од новата генерација како Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Запрашан каков совет би му дал на Синер, Ѓоковиќ истакна: „Тој веќе покажа дека знае како да се справи. Неговиот следен чекор е да научи да се грижи за своето тело и да избегнува повреди додека ја одржува својата страст и мотивација“.
Поранешниот број 1 откри дека има намера да ја започне сезоната уште во првата недела од годината, а единствена опција е АТП 250 турнирот во Бризбејн (29 декември – 5 јануари).
-Ќе продолжам да играм се додека сум конкурентен на највисоко ниво. Имам уште многу да научам и многу да постигнам во тенисот, заклучи Србинот.