Ѓоковиќ по три сета игра избори осминафинале на Мастерсот во Индијан Велс


Третиот носител на Мастерсот во Индијан Велс Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето откако во меч во три сета го победи Американецот Александар Ковачевиќ со 2:1 во сетови (6:4; 1:6 и 6:4). Мечот од третото коло траеше два часа и три минути.

Во првиот сет Ѓоковиќ направи брејк во третиот гем и предноста ја зачува до крајот на сетот, но потоа следуваше пад во неговата игра и Ковачевиќ, кој сервираше одлично го доби вториот сет со 6:1 во гемови и изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет Ѓоковиќ, кој постојано вршеше притисок на сервисот на ривалот и брејкот го направи во десеттиот гем за 6:4 во гемови.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од мечот меѓу Франциско Серундоло (Аргентина) и Џејк Драјпер (Велика Британија).