Ги става ли Путин сите оружја во функција?

Воената офанзива на Русија против Украина би можела да ескалира доколку Владимир Путин употреби термобарично оружје за да ја срамни поранешната советска територија, предупредуваат загрижените експерти. Термобаричното оружје се смета за едно од најбруталните воени оружја што постојат.
Ракетите се полни со високо експлозивно гориво и хемиска мешавина, која при експлозија може да предизвика суперсонични експлозивни бранови кои можат да уништат сè што е на патот, вклучително и зградите и луѓето. Тие се познати и како аеросолни бомби или вакуум бомби.
Помеѓу руското оружје што е забележано како се движи кон главниот град Киев и други градови се ТОС-1, кои се термобарични ракетни фрлачи. Тие не се користат за прецизни удари, но можат да се користат за чистење на делови од земјата.
Питер Ли од Универзитетот во Портсмут, објасни како функционираат овие бомби во 2016 година, откако Русија наводно ги користела во Сирија.
„Земете длабоко воздух за да се потопите во вода. Потоа замислете сиот кислород веднаш да биде исфрлен од вашето тело. Обидете се повторно да вдишете. Но, наместо ладна вода да ви ги наполни белите дробови, отровните, запаливи честички почнуваат да ве убиваат одвнатре кон надвор“, напиша тој.
Од ова оружје полоши се само експлозиите предизвикани од нуклеарни напади. Русија наводно ги користела овие ракети во Чеченија и Сирија.
„Широк опсег на воена опрема забележана во руската инвазија, вклучително и термобарични повеќецевни ракетни фрлачи од серијата TOS-1. Иако ударите досега беа релативно ограничени, ТОС-1 има потенцијал за сериозни прекршувања на човечките права , особено имајќи ја предвид историјата на употребаво Чеченија“, рече НР Џензен-Џонс, разузнавач за оружје и артилерија.
„Кој ќе се обиде да не спречи и дополнително да создаде закани за нашата земја, за нашиот народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде итен и ќе ве соочи со такви последици со кои никогаш не сте се соочиле во вашата историја. Подготвени сме за секој исход“, се закани рускиот претседател Владимир Путин, кога ја најави интервенцијата. Попладнево тој ги стави во состојба на готовност и нуклеарните оружја, наводно бидејќи на Русија е можен нуклеарен напад.