Гевгелиската Смоквијада годинава ќе се одржи онлајн


Традиционалната, 14-та по ред манифестација ,,Смоквијада“ поради пандемијата на коронавирусот годинава нема да се одложи, но ќе се одржи онлајн,потврдија денеска организаторите од граѓанското здружение „Тера“ од Гевгелија.

Варењето во живо на деликатесното слатко од зрели питоми смокви кое се организираше на Градскиот стадион во Гевгелија ќе изостане, меѓутоа пријавените учесници слаткото ќе го прават во домашни услови по своите дворови.

Пријавувањето на кандидатите за учество на гевгелискиот фестивал на смоквата ќе трае до 27 август. Слаткото од смокви по дворовите ќе се приготвува на 5 септември,а победниците ќе бидат прогласени на 6 септември во центарот на Гевгелија.

-За време на варењето на слаткото ќе бидат спроведени сите мерки и препораки за превенција и заштита од ширење на корона вирусот кои се предвидени со протоколот за начинот и условите за организирање и одржување на настани,велат организаторите.