Германските лекари докажаа дека луѓето умираат од корона
Врвот на медицинската струка за патологија во Германија тврди: имаме докази дека пациентите умираат од Ковид-19, а не од претходни болести или старост. Исто така докажано е дека короната пред се, ги напаѓа крвните садови, пишува Дојче веле.
Пандемијата во светот не сопира со месеци, светот покажува знаци на умор или бунт заради рестрикциите и заситеност со информации. Покрај тоа што за корона вирусот се знае се повеќе, се уште има такви кои сметаат дека тој воопшто не постои, некои пак дека е опасен и дека луѓето од него умираат.
Имајќи ја во предвид обдукцијата на починат пациени – дефинитивно единствен начин научно да се утврди причината за смртта – токму објавената детална анализа на резултатите од клиничите обдукции во Германија докажува дека во случаи на тежок облик на Ковид-19 во повеќето случаи токму таа болест била причина за смрт.
„Во повеќе од три четвртини од обдукциите, заклучено е дека Ковид-19 е главна или единствена болест која довела до смрт. Тие луѓе не умреле од претходни заболувања или од старост“, вели Јоханес Фриман, еден од најугледните германски патолози, како и Карл-Фридрих Бириг, претседател на Здружението на германски патолози, Густаво Баретон, претседател на Германското здружение на патолози и Тил Акер претседател на Германското здружение за невропатологија и невроанатомија, кои кон крајот на минатата недела повикаа на виртуелна прес-конференвија за да ги претстават резултатите од заедничките изтражувања.
Короната го напаѓа крвниот систем
Клиничките обдукции, исто така, докажуваат дека САРС-Ков-2 по многу тоа се разликува од нормалниот вирус на грип.
„Факт е дека короната не ги погаѓа само белите дробови и тоа е познато од првата обдукција. Вирусот предизвикува томбози, односно мали крвни згрутчувања, секаде во телото. Тоа својство на короната е заедничко со вирусите на грип. Но, кај короната – овие нарушувања во згрутчувањето се девет пати поголеми отколку кај грипот“, вели Баретон, патолог од Универзитетската болница во Дрезден.
Тоа е веќе јасно покажано во научните редови на германските универзитетски патолози кои дадоа важен придонес во разбирањето на Ковид-19. Тие делуваа брзо и работеа темелно и затоа тие студии се меѓународно високо оценувани.
Тие покажаа:
– огромно оштетување на крвните садови
– прекумерно згрутчување на крвта со запушување на најфините белодробни крвни садови
– специфично стварање нови крвни садови
и ова се карактеристични и прв пат опишани промени во белите дробови кај Ковид-19. Тие промени значително се разликуваат од слични тешки белодробни зарази предизвикани од вирусот на грип.
Покрај тоа, германските стручњаци докажаа дека Ковид-19 не е локална инфекција на дишните органи, туку е вирус кој влијае на клетките на внатрешните обвивки (ендотел) и со тоа доведува до воспаление на повеќе органи: бубрези, срце, слезина, црн дроб…
Ендотелските клетки ја прават внатрешната плочеста облога на најфините крни садови – капилари, преку кои се врши основниот метаболизам на организмот. Допирната површина која овие клетки ја имаат со крвта е огромна – меѓу 4.000 и 7.000 квадратни метри. Капиларите се наоѓаат во сите органи и покрај тоа што осигуруваат размена на материи, делуваат и како резервоар на крв.
Познато е веќе дека клиничките фактори на ризик за тежок облик на Ковид-19 – пушење, висок крвен притисок, дебелина, дијабетес, машки пол – и онака веќе се поврзани со оштетувања на ендотелот.
Нов рецептор на корона?
Невролошките обдукции на умрените пациенти докажаа дека третина од нив имале воспалени клетки во мозокот. Короната очигледно таму стигната преку нервниот систем во рецепторите за мирис во слузницата на коренот од носот. Тоа ги изненади научниците затоа што таму едвај има АЦЕ2 рецептори – кој пак се смета за главна врата за вирусот во човечкиот организмот.
„Во мозокот очигледно новиот рецептор е неуропилин-1“, вели Тил Акер, невропатолог во Универзитетот во Гисен и укажа на неопходноста на понатамошните истражувања.
Овие и претходните сознанија се постигнати под многу тешки услови, повторија неколкупати врвните стручњаци, врз основа на релативно мал број обдукции: само 154 или два отсто од 9.000 починати до сега во Германија.
Бирократско-финансиски препреки
Поголем број аутопсии, имајќи го во предвид регистарот на наоди исто така е организиран во Универзитетската болница во Ахен – би довеле до многу повеќе сознанија.
Повеќе обдукции не се прават од две причини. Една е тоа што роднините на починатиот ретко дозволуваат обдукции, но пред да дојдат патолозите во ситуација да побараат согласност од семејството на починатиот – мора да совладаат огромни бирократски и финансиски препреки во рамки на комплицираниот здравствен систем.
Тешко се добиваат одобренија од менаџментот на болницата, односно да ги финансираат обдукциите дури и за починати од Ковид-19. Затоа што осигурувањата на болниците на пример за обдукција признаваат трошок од 750 евра, додека таа чини 1.350 евра, одговара професорот Фриман на прашање на Дојче веле.
Затоа претставниците на германските патолози упатија писмо до министерот за здравство Јенс Шпан, со барање и конкретни предлози дека се работи за унапредување на науката и со тоа на здравјето на сите, да се подобрат условите и да се овозможи обдукција во Германија, во веќе постоечките 450 институти за патологија и неврпатологија во кои работат околу 1.500 патолози и невропатолози.