Германскиот специјален пратеник Сарацин на средба со Муцунски
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.
На средбата, како што соопшти МНР, било дискутирано за евроинтегративните процеси на Македонија, актуелните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области. Посебно внимание беше посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската унија во претстојниот период.
Министерот Муцунски изрази благодарност за личниот ангажман на специјалниот претставник Сарацин во динамизирањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Тој исто така ја нагласи континуираната и силна поддршка на Германија за европската иднина на државата и на земјите од регионот, посебно преку активностите во рамките на Берлинскиот процес.