Германија: Уште 927 новозаразени


 

Во Германија во претходниот ден регистрирани се уште 927 нови случаи со корона вирус, покажуваат најновите податоци од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.

Така, вкупниот број заразени во земјата изнесува 260.355, пренесе Ројтерс.

Во последните 24 часа почина едно лице, а од почетокот на пандемијата 9.350.