Германија: Ембарго на рускиот гас и нафта ќе предизвика тешка економска криза


 

Германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој доаѓа од Зелените, предупреди на тешки последици по стопанството во Европа во случај на ембарго на увоз на гас и нафта.

„Во случај на ембарго зборуваме за тешка економска криза во Германија и во Европа“, рече министерот Хабек во разговор за РТЛ.

Во случај на ембарго цената би скокнала на подолго време

Тој истакна дека и самото укажување на можнсот за воведување ембарго на увоз на руските нафта и гас за 50 отсто ги поскапеа цените на нафтата на светскиот пазар. Хабек предупреди дека во случај на ембарго центата на нафатата би скокнала долгорочно, а не само на неколку часа.

„НИе не зборуваме за краткорочни скокови на цената, туку за трајно високи цени на фосилните горива. Мислам дека сите треба да си предочиме што тоа значи“, рече Хабек. Вели дека во тој случај не би се работело само за штедливо палење на сијалиците, туку за стечај на многу претпријатија и пораст на невработеноста.

„Не зборуваме за три дена или три недели, туку за три години“

„А тоа треба да се издржи. Не зборуваме за три дена или три недели, туку за, да речеме, три години“, нагласи Хабек. Додаде дека ембарго, за кое се повеќе се зборува во САД, за Европа не доаѓа во предвид и дека Американците се свесни за тоа.

„САД само 7,5 отсто од својата нафта увезува од Русија, додека во Германија зброуваме за 35 отсто. Ситуацијата не може да се споредува“, заклучи Хабек.

На почетокот на неделата и германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека воведување ембарго на увоз на руски гар и нафта за Германија не е опција.